Кањонот Матка е туристичко и излетничко место, недалеку од Скопје. Познат е по бројните цркви и манастири, прекрасните карпи и зеленилото што опкружува сѐ, како и пештерата Врело, во која до сега се измерени 212 метри длабочина… За оние што одамна не го посетиле, а и за тие што немаат можност да отидат, следува Матка низ серија фотографии.

Во моментов главна атракција е возењето со кајче спроти текот на реката, до пештерата Врело. Возењето трае 10-15 минути, во зависност од расположението на водичот што ве вози. Ова задоволство ќе ве чини 300 денари и за да тргнете, мора да имате група од најмалку четворица. Доколку немате, ќе мора да почекате уште некој што оди натаму.
…и вие морате да заминете и зад себе да ја оставите убавината на пештерата.
И ние успеавме да уловиме двојно виножито, но не нѐ интересира што значи.
При враќањето со чамецот кон појдовната точка одново можете да уживате во пејзажите…
Но, најинтересно за отпечатокот од раката е тоа што…
…се вели дека оној чија рака ќе се совпадне со калапот, ќе биде достоен да пишува за вас. Токму затоа сите наши автори прво поминуваат низ оваа проверка.