Меѓународен ден на „Војна на ѕвездите“

523274[1]

Неофицијално, денес е меѓународен ден на “Војна на ѕвездите”, организиран и славен од фановите на серијалот низ целиот свет.

Попроста причина што е избран токму овој датум не може да постои – култната фраза “May the Force be with you” на англиски слично звучи со “May the Forth be with you”, што во превод му доаѓа 4-ти мај. Од Lucasfilm не сакаа и официјално да го потврдат тој датум, но со текот на времето едноставно се помируваат со ситуацијата.

Празникот за прв пат е одбележан во 2011 година, а во чест на годинешниов, неколку интересни факти за серијалот:

Колосални бројки – Секој што го гледал филмот, ја знае сцената со заробената принцезата Леа во палатата на Џаба. Лук Скајвокер оди да ја спаси и, нормално, не сé поминува според планот. Ова е една од најтешките сцени во целата серија, во која учествуваат 42 статисти, 18 главни актери, 10 куклари, 9 мимичари и тим од 90 луѓе. Снимањето трае цел месец.

Lightsaber-и – Најпознатото оружје во филмовите има моќ да го претвори секој возрасен маж во мало дете. За време на снимањето на „Војна на ѕвездите: Невидлива закана“, Јуан Мекгрегор не престанува да ги имитира звуците на мечот за време на битката. Подоцна требало да бидат извадени од постпродукцијата. Истото го прави и Хајден Кристенсен кога го игра Анакин Скајвокер.

Чудни јазици – Не е тајна дека Џорџ Лукас користи зборови од непознати јазици, за да измислува имиња на ликови. Darth Vader доаѓа од данскиот збор за “татко”, а Јода значи “воин” на санскрит.

Промени во сторијата – Додека го пишува сценариото на „Меѓуѕвездени војни: Нова надеж“, Лукас ја замислувал Силата  како моќен галактички кристал – идеја што подоцна отпаѓа. Отпаѓа и идејата дека Лук Скајвокер и неговото семејство се џуџиња, а Хан Соло е зелено чудовиште со жабри и без нос.

Познати лица – Ако Јода од оригиналната серија на Војна на ѕвездите ви изгледа познат, тоа е затоа што неговиот лик е базиран на Алберт Ајнштајн. Стварно.

Инциденти – За време на снимањето на оригиналната серија, Марк Хамит претрпува сериозна сообраќајна несреќа, а како последица тој останува со лузни по лицето. Сцената во која е повреден од животното наречено вампа во епизода V е додадена баш за да се објаснат лузните.

Лоши претчувства – Најпознатата фраза од серијата “I have a bad feeling about this” е користена во сите шест филмови. Првично е дело од Харисон Форд, кој импровизирал за време на снимањето, но потоа е повторена од Кери Фишер и Марк Хамит во следните серии. Традицијата е запазена и во современите три епизоди.

Клоновите напаѓаат – За време на снимањето со клонираните војници не е употребен ниту еден реален костум. Сé е тоа компјутерска анимација.

Нови ликови – За време на кастингот за Анакин Скајвокер, една од причините поради кои Хајден Кристенсен е избран за улогата, е затоа што изгледа добро до Натали Портман. За истата улога аплицирал и Пол Вокер.

- Реклама -