Четири важни одлуки кои Исланѓани ги базираа врз постоењето на елфови

elf cover 2

Според една студија од 2012-та, спроведена во Исланд, само 8% од луѓето веруваат дека дефинитивно постојат Елфови (магични шумски суштества од нордиската и германската митологија), ама дури 54% не сакаат да ја отфрлат можноста за нивно постоење (а ете, на 40% од младите и 12% од постарите  не им е проблем да одречат дека постои бог, на пример). Исланд е земја проткаена со викиншки верувања, прекрасни пејзажи и еве, ако им веруваме на прашаните, Елфови. Елфовите (Huldufólk – „скриени луѓе“) се дел од нивната историја уште од 1000-тите години п.н.е., кога Викинзите прв пат стигнале на островот. Тие не живеат во дрва и не се џуџиња; легендата вели дека се слични на луѓето и носат облека од 17-тиот век, сточари се, берат капини и одат во црква во недела.

Елфските ентузијасти тврдат дека ова верување не е типично само за Исланд.

„Има луѓе низ целиот свет кои се во контакт со елфови, самовили, џуџиња итн., ама се обидуваат тоа да го скријат и да не го зборуваат на глас“, вели Рагнилдур Јонсдотир – жената што стои зад познатата исландска „Елфска градина“ и „елфска школа“ и „елфска што ли уште не“. Според неа, потоа овие луѓе од светот доаѓаат во Исланд и си ја отвараат душата на овие теми, ама пак не со сите, бидејќи не сите Исланѓани веруваат во елфови.

Верувале тие или не, факт е дека елфовите и исландската влада се имаат сретнато во повеќе прилики.

1. Маршот против НАТО

keflavek-air-base[1]

Во екот на Студената војна, американската морнарица и воздухопловните сили стационираа 3000 трупи и милиони долари вредна воена опрема на комерцијалниот аеродром на Исланд, со цел да ја држат под око советската активност во регионот. Исланд е еден од основоположниците на НАТО, ама немаше своја војска. Луѓето во Исланд, тогаш околу 230.000, отворено беа против војната, но стратешката локација на земјата ја стави во ситуација на важен воен естаблишмент.

Луѓето дефинитивно беа против военото присуство, ама маршот организиран против НАТО на 23 март во 1982-та имаше поинаква основа. Околу 150 верувачи во елфови се качија во три автобуси и заминаа за Кефлавик, во потрага по елфови кои беа „загрозени од американските воени и разузнавачки (Awacs) авиони“, напиша тогаш Њујорк Тајмс. Според нив, воената машинерија за загрозуваше и уништуваше живата и богата природа, која беше дом и за луѓето и за елфовите. Демонстрантите веруваа дека војската и заканата од насилство што ја носеше со себе ќе го наруши нивниот хармоничен живот со природата (и со елфовите).

„Ние луѓето забораваме и мислиме дека можеме да живееме без природата“, вели Јонсдотир. „Ама елфовите не забораваат и нé потсетуваат дека не можеме да го правиме тоа“.

- Реклама -