Први 3D фотографии од Марс

Само два дена по успешното слетување на површината на Марс, роверот Curiosity, кој моментално ја истражува околината во кратерот Гејл, ги испрати првите 3D фотографии кон Земјата.

Откако покривката за заштита од прав, на една од камерите поставени на роверот тежок околу 1 тон беше исфрлена, направени биле првите 3D фотографии, како и првата фотографија во боја од „Црвената планета“. Набргу по пристигнувањето на материјалите, НАСА ги објави на интернет.

Отфрлање на заштитната покривка

Првата фотографија во боја, поставена врз симулацијата на површината од Марс

[Curiosity sees an added dimension: First 3D images from the Martian surface beamed back to Earth]

- Реклама -