Единствената видео снимка од Титаник

310F264E00000578-3440405-image-a-25_1455120858711[1]

На 14 април 1912 година, во 23:40 часот, Титаник удри во ледена санта во Северниот Атлантик. До 2:24 часот наутро, бродот веќе беше потонат на океанското дно. Дванаесет дена порано, кога најголемиот крстосувач во тоа време го напушти пристаништето за своето прво морско патешествие, никој не можеше ни да претпостави што ќе се случи.

Тоа утро, пред поаѓањето, Титаник изгледаше огромен и непокорлив исто како што луѓето и го замислуваа. Беше жив како никогаш дотогаш, исправен во водата и забревтан во полна сила, а од огромните препознатливи оџаци излегуваше чад, навестувајќи дека најмодерниот брод на денешницата од 1912 година е подготвен за битка со океанот.

Тој момент е доловен во 63 секунди од следнава ретка видео снимка, која е и единствената што постои од Титаник пред да го снајде црната судбина. По првите 63 секунди, може да се види и капетанот на бродот, како и снимки од другите два брода кои тргнаа во спасувачка мисија. Ова видео излезе само 6 дена по несреќата, што е неверојатно брзо со оглед дека беше 1912 година.

Веројатно делот со најголем импакт е тој од ледените води во близина на местото каде што потона Титаник (на 1:29 во видеото). Малите санти мраз стојат онака мирни и бели, а всушност тивко раскажуваат за една трагедија што човештвото не може да ја заборави ни ден денес.

- Реклама -