Најопасната брана во светот

Браната Мосул во северен Ирак е неколку пати поопасна од “Исламска држава” – не само според мислењето на војската, туку и според локалните жители.

618x405Амино Мохамед го поминала целиот свој живот во селото Када на брегот на реката Тигар. Таа била тука во текот на годините на управувањето на Садам Хусеин, ја преживеала војната со САД, па дури и опсадата на “Исламска држава”.

“Едно попладне нè изненадија”, се сеќава таа на денот кога борците на “Исламска држава” ја нападнаа Када во 2014-та. “Само влегоа во селото”.

Претходно оваа година курдските борци се судрија со “Исламска држава” надвор од Када со помош на воени удари од страна на САД.

Но потенцијално сериозната закана за животот на жителите е само околу девет и пол километри нагоре по течението на реката. Тоа е проколнатата брана Мосул, кој задржува милијарди кубни метри вода. Во февруари, амбасадата на САД во Багдад ги предупреди американските граѓани дека е можно браната да се сруши. Се работеше за приоритетно предупредување меѓу и без тоа сериозните закани за патувања во Ирак.

Според САД браната има ризик од пукнатини на пролет и ако тоа се случи би се поплавило сето она што се наоѓа по течението на Тигар. Водата би израмнила стотици села и би убила стотици илјади луѓе за само неколку часа.

“Досега никогаш не сум се плашела од водата додека не ги слушнав вестите за браната”, вели Амин Мохамед. “Сега сум преплашена”.

Горе, кај браната, работниците за одржување се зафатени по 24 часа на ден, седум дена неделно. Тие треба постојано да ја одржуваат браната.

Всушност Браната Мосул не е толку стара. Таа е изградена на почетокот на 80-тите години и е меѓу најголемите инфрастрктурни проекти, покренати од Хусеин и ирачката поделба на партијата Баас.

Од самиот почеток имало проблеми

Во реонот речното корито е составено од нестабилна комбинација на мека почва и гипс – минерал кој се раствора, кога водата минува низ него. Во 2006-та, воената инженеринг единица на армијата на САД ја нарекува Мосул “најопасната брана во светот”.

Сега пукнатините кои секојдневно се формираат во струкурата бараат деноноќно и постојана поддршка.

Акил Муслим, ирачки инженер ја надгледува работата на зајакнување на браната. Неговата канцеларија претставува само големо дрвено биро, лоцирано подолу во тунелот, на стотици метри во внатрешноста на браната, под коритото.

“Потребни се постојано по 100 лица, инженери и работници, за да се одржи конструкцијата”, вели тој.

Некои од пукнатините се мали, но има такви, за кои се потребни 50 тони бетон, за да се наполни салата.

“Оваа поддршка е задолжителна”, вели тој.

Но работата по зајакнувањето на ѕидот застана за неколку месеци во 2014-та, откако џихадисти од “Исламска држава” ја зазедоа браната. Тие ја држеа под контрола помалку од две недели, но дури и кога ирачките сили на курдските борци ја вратија оваа клучна инфраструктура, требаше да поминат месеци пред повторно да започне работата за одржување.

Можно е овој сериозен прекин да создаде слабост во конструкцијата, стравува американската влада.

Неодамна владата во Багдад потпиша договор со италијанска компанија која ќе помогне за итни поправки во конструкцијата. Се очекува европскиот тим да пристигне подоцна овој месец.

Но според Акил Мусилм, како и според зборовите на различни официјални претставници на власта во Ирак, заканата е претерана.

“Медиумите имаат склоност да ги засилуваат стравувањата”, вели Мусим “ги уверуваме луѓето дека сè е во ред”.

Според властите во САД, сепак не е така. Во февруари, тие предупредија дека од половина милион до милион и половина Ирачани кои живеат околу Тигар, нема да преживеат ако браната се уништи.

Во селото Када, луѓето тврдат дека браната претставува за нив поголема закана од “Исламска држава”.

Ако ѕидот пукне, Када ќе биде првото место кое ќе биде поплавено. Жителите немаат план за евакуација и бидејќи селото е премногу блиску, при евентуална хаварија би имале само неколку минути за бегство.

Кибије Џамил, која живее во селото со својот сопруг и седум деца, вели дека нејзиното семејство нема ни автомобил, ако треба да бегаат, а живот надвор од селото за нив не е опција.

“Не сакаме да се селиме”, вели Џамил. “А и каде би можеле да одиме?”

И така таа и другите жители на Када се категорични дека ништо нема да ги избрка од дома – ниту “Исламска држава”, ниту стравот од браната.

- Реклама -