itcher.com: Одличен вебсајт за филмски препораки

itcherВремето што просечен филмски ентузијаст го поминува во барање и симнување на филмови е во сооднос од 100.000:1 (ова од слободна проценка) со времето поминато баш во гледање филмови. Само почетници користат Гугл за да најдат препораки за вечерен филм – другите обично ја користат користат „Recommended for you“ секцијата на IMDB или специјализирани веб страни за таа намена. Е, овие вториве, секој ден ги има сé повеќе и супер што е така. Сепак, тешко е да се најде совршениот сервис за препораки, па обично најдоброто решение е користење на повеќе такви истовремено.

Туку да прејдеме на главното: го читате ова во моментов затоа што сметаме дека можеби наидовме на добра алтернатива, а тоа е itcher (линкот е подолу). Странава пука добра препорака за помалку од 50 секунди. Не само тоа, туку itcher ја обавува истата функција и со книги, музика и игри. Регистрацијата е бесплатна – можете да се најавите и со Фејсбук или Твитер профили.

Располага со каталог од 3.8 милиона наслови. Сé што треба да направите за да започнете е да оцените 5 филма, на скала од „го мразам“ до „го сакам“, по што itcher почнува да препорачува филмови. Не само тоа, ама страната наоѓа и други луѓе што исто/најслично ги оцениле истите филмови т.е. наоѓа луѓе со најсличен можен вкус на вашиот, што исто така влегува во селекцијата на препораките. Некои од вас можеби ја користеа Jinni додека постоеше, па се добро запознаени со принципот на кој функционираат овие платформи.

Како и да е, што повеќе оценувате филмови, толку подобро itcher го научува вашиот вкус и добивате подобри препораки. Нормално, постојат и опции да „фрлите филм во канта“ т.е. да ѝ назначите на платформата дека не сакате веќе да ви го дава во препораките, а се разбира, имате и опција да додавате филмови во таканаречената „itchlist“, што е целосен пандан на „Watchlist“ на IMDB. Корисниците имаат и опција за меѓусебно следење.

shiningЗад платформата стои шведскиот интернет претприемач Даниел Ровира, кој се декларира како заколнат фан на независното кино. Тој тврди, и со право, дека пред itcher немаше добар веб-сајт наменет за луѓето кои сакаат да откриваат нови и помалку популарни скриени богатства на филмската индустрија, а не само да пловат по популарните води. А ако го читаш ова, веројатно е дека и ти си од тиe и си спремен да инвестираш малку време на оценување на изгледаните филмови, бидејќи знаеш дека ќе се исплати на долг рок.

ЛИНК

- Реклама -