Испакнатиот човечки нос е нуспродукт на еволуцијата

nose

Една од поголемите мистерии на човековата еволуција е зошто нашите претходници развиле испакнати носеви, кога кај повеќето примати ситуацијата е обратна – имаат рамни дишни отвори.

Едно ново истражување сугерира дека необичната форма на носот ни е само нуспродукт од други, поважни промени во структурата на лицето, макар што има и научници кои тврдат дека човечките носеви биле директно формирани од природната селекција.

Една од многуте функции на носот и носната шуплина е да служат како „клима“. Заедно, тие ја регулираат температурата и влажноста на навлегувачкиот воздух што го вдишуваме, за да не ги оштети чувствителните ткива на белите дробови.

Такеши Нашимура и неговите колеги од Универзитетот во Кјото, Јапонија, дојдоа до заклучок дека сепак човечкиот нос не е баш ефикасен во извршувањето на оваа задача. Тие ги скенираре носевите и носните шуплини на шестмина доброволци, четири шимпанза и шест мајмуни макаки. Потоа, со помош на компјутери, е моделирано патувањето на вдишаниот воздух, за на крајот да биде пресметан степенот на ефикасност на моделите на вдишување кај три вида воздух – ладен и сув, топол и сув и топол и влажен.

Резултатите укажуваат дека носните канали на шимпанзата и макаките се поефикасни во вдишувањето воздух отколку нашите. Дури и кога истражувачите ги модифицирале компјутерски генерираните човечки носеви за да личат повеќе на носеви на шимпанзо, регулирањето на температурата и влажноста на воздухот не било подобрено.

„Ова покажува дека испакнатиот нос малку придонесува за климатизација во носот и носната шуплина“, вели Нишимура. Оттаму, тој смета дека можеби сме ги добиле испакнатите носеви сосема случајно. Черепите на човековите претци претрпеле драматични промени кога се појавиле луѓето пред помеѓу 2 и 3 милиони години. Мозоците пораснале, а лицата станаа помали, за да ослободат простор. Можно е носот и носната шуплина да ја имаат добиено сегашната форма како резултат на таа реструктура на лицето и главата, за да ги овозможат овие промени.

- Реклама -