Утре премиера на македонскиот филм ЏГАН

DZgan_posterВо среда (30 март), во 20:00 часот, во кино Милениум, ќе започне премиерата на најновата македонска филмска продукција, филмот „ЏГАН“ – долгометражно режисерско деби на Вардан Тозија, во продукција на Огнен Антов (Дрим Фектори). Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула, Никола Ристановски, Љупчо Тодоровски, Сара Климовска.

Приказната во филмот не води низ низа свирепи околности кои претвораат тивко и повлечено момче во суров, бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од дом за деца без родители. Заедно, тие тргнуваат во слепа одмазда кон светот зад нивните ѕидови, свет што им нанел само болка и страдање. Светот во кој за нив, постои само едно заедничко име – ЏГАН.

По премиерната проекција, прикажувањето на филмот ќе продолжи и секој ден на редовниот репертоар на кино Милениум во истиот термин, 20:00 часот.

За најновиот репертоар на кино Милениум, одете на страна 2.

- Реклама -