Шегобиецот Сталин – дел II

Продолжува од ДЕЛ I:

10.

По војната, Сталин разбрал дека професорот К. си изградил голема вила во Подмосковјето. Го повикал кај себе и го прашал:

– Вистина ли е, дека сте си изградиле вила од не знам колку ли ти илјади?

Професорот потврдил.

– Тогаш, примете ги огромните благодарности во име на детскиот дом на кого му ја дониравте таа вила – рекол Сталин и го испратил (протерал) професорот да предава во Новосибирск.

- Реклама -