Анализа на Las Meninas – најдобрата слика во историјата?

hdqhzr4cfwjnbusumsyk[1]

„Веројатно нема друга слика во историјата на формата, која е подостојна за анализа од Las Meninas на Диего Веласкез. Овде се работи за ремек дело од уметник во доцна доба од животот, но во полн ек на својата уметничка моќ, решен на ова платно да го внесе целосниот збир од неговите таленти, неговото искуство и неговиот интелект“, ja почнува (Youtube корисникот) The Nerd Writer својата анализа.

Las Meninas е насликана во 1656-тата, кога барокниот уметник бил главниот уметник на дворот на шпанскиот крал Филип IV. За неа, The Nerd Writer ќе рече: „Навистина, да се гледа во оваа слика, на било која возраст, значи да се биде убеден бавно, постепено и потоа уверливо, дека си сведок на најдоброто што овој уметнички медиум може да го понуди“.

Па, што точно ја прави Las Meninas толку специјална? …толку специјална што Пабло Пикасо ја има рекреирано 58 пати? Зошто 6 од карактерите во сликата гледаат преку рамнината на истата и во што гледаат? Кои се сликите што се закачени на ѕидот и зошто се таму? Чии се рефлектираните ликови во огледалото во позадината? Погледнете ја извонредната анализа во видеото:

- Реклама -