Првата онлајн нарачка од македонски вебсајт

nsc_ppМакедонските граѓани добија можност да купуваат преку Интернет од
македонски компании. Вчера во Скопје беше извршена презентација на
првата он-лајн купопродажба од домашна Интернет-страница, во која како
продавач се јавува домашна продавница, а плаќањето беше извршено, исто
така, со македонска кредитна картичка.


nscМакедонските граѓани добија можност да купуваат преку Интернет од македонски компании. Вчера во Скопје беше извршена презентација на првата он-лајн купопродажба од домашна Интернет-страница (Телепица), во која како продавач се јавува домашна продавница, а плаќањето беше извршено, исто така, со македонска кредитна картичка.

Презентацијата на плаќањето беше организирана од „Нет консалтинг енд солушн“ и „Дајнерс клуб“.

Првиот човек на „Дајнерс“ во земјава, Божидар Јанковски, очекува дека наскоро овој современ начин на купување ќе може да се направи во над 40 домашни продажни места, а граѓаните брзо ќе ја прифатат новината која во светот зема се' поголем замав. Основа за ваквиот оптимизам се издадените 350 илјади платежни картички во земјава во последните четири месеци, како и потребата од осовременување на домашниот Интернет-простор со нови услуги.

Фирмата „Нет консалтинг енд солушн“ како партнерска фирма со хрватската компанија „Веб-студио“ нуди софтвер за плаќање и авторизација на кредитни картички преку Интернет. Според Зоран Бубевски од „Нет консалтинг енд солушн“, „Дајнерс“ први го прифатиле предизвикот за електронска трговија и додаваат дека работат да се прифаќаат и другите картички, како што се „виза“, „мастер“ и „американ експрес“. Претставниците на двете компании уверуваат дека софтверот што се користи овозможува ризикот од електронската трговија да е минимален.

виа.

[Net Consulting & Solution]

- Реклама -