Платонското швалерство на папата Јован Павле II

The newly elected Pope, John Paul II (Karol Jozef Wojtyla) of Poland, October 19, 1978. (Photo by Central Press/Getty Images)

Папата Јован Павле II е неприкосновен симбол за религиозна чистота во последните децении. Беше почитуван од милиони и беше прогласен за светец во рекордно време – само 9 години по смртта. Но, сега на виделина излегува и романтичната страна од неговиот живот – 30-годишна платонска врска со мажена жена.

Стотици писма и фотографии сведочат за нивните односи, но нема доказ дека Јован Павле II некогаш го прекршил заветот на телесна апстиненција и целибатот. Од 2008-ма година, добар дел од документите се чувани во тајност во Полската национална библиотека. Oд нив може да се заклучи дека свештеникот се обидел самостојно да ја изгаси искрата.

Во 1973-та година, Ана-Тереза ​​Тимјениецка – родена во Полска, но образована во САД – се сретнува со тогашниот кардинал и надбискуп на Краков – Карол Војтила, што е световното име на идниот папа.

Кардиналот Војтила во 1970.
Кардиналот Војтила во 1970.

Тогаш таа е мажена за познат економист од Харвард, со кој има три деца. Идниот папа, пак, има 53 години. Тимјениецка е филозоф и пишува книга, како и Војтила, па нивната прва средба била резултат на научен интерес.

Ана-Тереза со сопругот.
Ана-Тереза со сопругот.

Во 70-тите години во комунистичка Полска, односите помеѓу духовно лице и жена се сметаат за мошне ризични, дури и ако се професионални. Тајната полиција ги следи лидерите на црквата, која ја смета за непријател. Самиот Војтила е исто така предмет на интерес – извори велат дека домот и канцеларијата, како и телефонот, му биле прислушувани. И покрај тоа, двајцата продолжуваат да работат на англиската верзија на книгата што ја пишува свештеникот.

Првите писма меѓу двајцата се строго професионални, но со текот на времето прераснуваат во нешто повеќе. Првиот знак на вистинска интимност се појавува во писмо што доаѓа не од Краков, туку од Рим, каде што повеќе од еден месец Војтила ќе помине во присуство на средба на католички бискупи (во 1974 год.). Тој има понесено неколку писма од Ана-Тереза, за да може да одговори на нив без да бидат пресретнати од тајните служби. Така, тој и пишува дека нејзините писма се „толку значајни и длабоко лични, иако се пишувани во филозофски ‘код’“. Кон крајот на писмото, Војтила пишува: „има прашања за кои ми е премногу тешко да пишувам“.

Новинарот на Би-Би-Си – Ед Стуртон, потсетува дека неговите заклучоци се базирани само врз основа на писмата од едната страна – од папата, до кои има пристап. Во многу од нив е тешко да се погоди на што точно мисли тој во напишаното. Сепак, Ед извлекува дека во раната фаза на врската, некаде летото 1975-та, Ана-Тереза му соопштува на Карол Војтила дека е заљубена во него.

Војтила и Тимјениецка на кампување во 1976 год.
Војтила и Тимјениецка на кампување во 1976 год.

„Моја драга Тереза, ги добив твоите три писма. Пишуваш дека си растргната, но не најдов одговор за овие зборови“, пишува кардиналот, овој пат од Рим. Во следните писма тој додава дека бара како да одговори на нејзиното: „Јас ти припаѓам“. И го наоѓа начинот. И го подарува својот скапулар (свештеничко ланче), наследен од неговиот татко. Како што вели во писмото, ланчето му овозможило „да ја прифати и почувствува секаде и во секоја ситуација, и кога е блиску, и кога е далеку“.

_88246114_scapular[1]Откако е избран за поглавар на Римокатоличката црква, тој и пишува на Ана-Тереза ​​дека преписките меѓу нив не треба да прекинат, како и „размената на идеи, која секогаш ја сметал за толку креативна и плодна“. Но, ќе настане големо недоразбирање, и тоа околу книгата на која работат заедно. Ана-Тереза ќе избрза со публикувањето, а Ватикан легално ќе ја обвини за „искривување“ на идеите на новиот Папа. Кога Јован Павле ќе пропушти да застане во нејзина одбрана, таа ќе се почувствува предадена.

Сепак, по извесно време, топлината ќе се врати во врската. Некои од најтрогателните фотографии и писма се токму поврзани со Јован Павле додека е во неговата стара возраст.

На Папата му е дијагностицирана Паркинсонова болест во раните 1990-ти, со што сé повеќе е изолиран во Ватикан. Ана-Тереза често го посетувала и му праќала пресувани цветови и фотографии од нејзиниот дом во Помфрет. Во едно од писмата, тој ќе возврати: „Мислам на тебе и во моите мисли доаѓам во Помфрет секој ден“…

И останатите негови писма содржат чести потсетувања на заедничкото минато. По последната посета на Полска, во 2002-та, ќе напише: „Нашата заедничка татковина; толку многу места каде што се сретнавме, каде што имавме разговори што беа толку важни за нас, каде што ја искусивме убавината на божјото присуство“.

_88287286_c8f874c2-731f-4513-9760-a27cbab86a7e[1]Тимјениецка ќе го посети Јован Павле на денот пред да почине, во 2005-тата. Тој беше прогласен за светец во 2014-тата, а според новинарот Ед Стуртон, во документите нема никаква пречка за неговата канонизација. Од друга страна, новинарот не знае дали љубовната врска на Папата е земена во предвид при неговото прогласување за светец. Според правилата, тоа мора да е така.

- Реклама -