Денот кога Арсенал реши да освои титула

Arsenal's Dennis Bergkamp (centre) celebrates his goal with team mate Robert Pires (left) as they take the lead against Newcastle during their FA Barclaycard Premiership match at Newscastle's St James's Park ground. THIS PICTURE CAN ONLY BE USED WITHIN THE CONTEXT OF AN EDITORIAL FEATURE. NO WEBSITE/INTERNET USE UNLESS SITE IS REGISTERED WITH FOOTBALL ASSOCIATION PREMIER LEAGUE.

На овој ден 2002-та, Арсенал реши да ја освои Премиер Лигата. Всушност се играше натпреварот против Евертон, каде Арсенал на гости победи со 0-1. Ова беше 300-тиот натпревар на Арсен Венгер како тренер на Арсенал. Станува збор за првата победа, од тогаш рекордните 14 по ред за црвено-белите од северен Лондон, кои ги однесоа до титулата во првенството, па и нешто ситно вишок во наредната сезона 02/03.

10 Февруари 2002, пред мечот со Евертон, Арсенал се наоѓаше на 4-тата позиција, по Ливерпул, Њукасл и Манчестер Јунајтед, но без одигран натпревар со ниту еден од нив. Од друга страна, „Карамелите“ беа на 15-тото место, 20 поени подолу. Но, во Премиер лигата ни тогаш ни денес, ништо не значи на кое место се наоѓа клубот, кога играте на гости (на Гудисон Парк) пред 31.000 народ. Така беше и пред 14 години.

Беше тежок и тврд натпревар, на кој имаше 5 жолти картони, сите за гостите. Арсенал никако не можеше да ја пронајде својата игра во првото полувреме, па „молеа бога“ судијата да свирне крај на полувремето, за да ги одморат тешките нозе и да најдат начин и сили да променат нешто во второто полувреме.

Почна второто полувреме, дојде и 62-та минута кога по уфрлувањето на Патрик Виера до својот сонародник Силвиан Вилтор, овој успеа со чуден волеј лоб да го совлада голманот на Евертон од речиси невозможна ситуација. Иако се радуваа како секој тим кој ќе поведе на гости, и играчите и навивачите не ни претпоставуваа дека ќе влезат во извонредена серија од 14 победи една по друга.

Всушност Арсенал победи на наредните 12 натпревари, ја освои тиулата и играше 2-2 против Вест Хем, ама во второто коло наредната сезона.

Како тоа го правеа хероите на Премиер лигата (Беркамп, Пирес, Анри, Вилторд, Љумберг, Виера, и компанија) пред 14 години?

Уживајте…

- Реклама -