Поп бомбата на Северна Кореја

Од времето на Psy и “Gangnam Style” наваму, светот го подзаборави азискиот поп, а една женска формација од комунистичка Северна Кореја беше на пат да ги собере погледите.

Во декември Северна Кореја ги откажа во последен момент планираните концерти во Пекинг на “револуционерната” групата Moranbong. Се верува дека лично Ким Џонг Ун им наредил на девојките да се повлечат, буквално неколку часа пред да излезат на сцената и без да дадат никакво објаснување пред збунетите кинески домаќини.

Article Lead - wide1003783212glmk59image.related.articleLeadwide.729x410.glmk30.png1449997460383.jpg-620x349

Исчезнувањето на девојките наликува на екшн бегство како во шпионски филмови – со куферите од хотелот, директно кон аеродромот, каде ги очекува специјален авион, испратен од Пјонгјанг. На крајот остануваат само шпекулациите.

Тоа требаше да биде прво прекугранично докажување на музичка формација од Северна Кореја.

Кои се тие?

Шесте девојки од Moranbong, наречени севернокорејските Spice Girls, се суперѕвезди во татковината. Одбрани се лично од Ким Џонг Ун и дозволено им е да навлегуваат во поп и рок стиловите.

Moranbong се креација на затворениот комунистички режим, кој зборува преку нив. Дозволено им е да носат кратки здолништа и високи потпетици, т.н. “воздржан секси стил”, а редовно настапуваат на важни партиски форуми и емисии на државната телевизија.

Женскиот секстет е убавото оружје на севернокорејската пропаганда

Главната тема на нивната креативност е за херојскиот и храбар народ, подготвен на саможртва за династијата Ким. Изведувачките настапи често се украсени со макети на проектили и гигантски видеоекрани.

Меѓу нивните најпознати песни се “Мојата татковина, полна со надеж” и “На големиот Маршал мислиме секој ден и ноќ”, под “Маршал” го подразбираат лидерот Ким Трети.

Не е првпат да исчезнат

Нивната популарност е толку голема што високото партиско раководство може да им позавиди – или да застане против нив.

Слично на други познати личности во Северна Кореја, Moranbong исто неколку пати “исчезнуваа”, што беше доволно за мнозина да ги прогласат за егзекутирани. Тие сепак се враќаа, како ништо да не се случило.

Тие го занемеа светот пред три години, кога испеаја неколку познати западни песни, меѓу кои “My Way” на Френк Синатра.

Групата е креатура на Ким Џонг Ун, а целта е да се создаде чувство кај младите поданици и елитата на комунистичкиот режим, дека поп музиката е присутна и во Северна Кореја.

Тоа е контролиран одговор на корејската поп музика, т.н. К-pop која се прифаќа од Комунистичката партија како надворешна закана од соседна Јужна Кореја.

Тие се најголемите ѕвезди на забавната индустрија на Пјонгјанг, ако воопшто може да се зборува за таква, како и единствената целосно женска формација.

Moranbong се сметаат за “амбасадори” на севернокорејската култура и отворањето кон светот.

- Реклама -