Плагијат на „Зајди, зајди“ во „300“

naslovna-zajdi-zajdippТемата за која членовите на нашиот форум деновиве дискутираа допре и до редакцијата на дневниот весник „Шпиц“, кој реши да ја објави во денешниот број: Дел од музиката на филмот „300“ кој е моментно хит во светските киносали, е комплетен плагијат на македонската народна песна „Зајди, зајди“, тврди македонскиот композиторот и продуцент Владимир Петровски-Картер. Темата предизвика полемики на интернет-форумот www.365.com.mk, каде што може да се чуе саундтракот на филмот под наслов „Message for the queen“. [Шпиц | Форум дискусија и песната]

- Реклама -