62 лица се побогати од половина од светската популација

milioner 3

Додека богатите и моќните неделава се среќаваат во Давос, Швајцарија, неодамнешното истражување открива дека еден процент од најбогатите во светот во моментов е побогат од вкупното преостанато население на нашата планета.

„Економијата на еден процент“, извештајот објавен од страна на невладината организација Оксфарм, кажува дека иако бројот на луѓето кои живеат во апсолутна сиромаштија е преполовен во периодот од 1990 до 2010 година, просечниот годишен приход на најсиромашните десет проценти од населението се зголеми за нешто помалку од три отсто на годишно ниво во последните 25 години.

Уште почудна е бројката 62, дека само 62 лица, меѓу кои 53 мажи, имаат пари колку што има половина од светската популација, или 3,6 милијарди луѓе. Пред пет години беа 288.

Богатството на најсиромашната половина од светската популација се намали за еден трилион долари (41 проценти) од 2010 година. Во меѓувреме, вредноста на имотот на 62 најбогати луѓе се зголеми за повеќе од половина трилиони долари, на 1,76 трилиони.

-Далеку од намалување на сиромаштијата, богатството алармно се движи нагоре, пишува во извештајот.

Имаше критики на овој извештај, бидејќи Оксфарм ја користеше индивидуалната нето вредност со цел да дојде до овие бројки. Ова значи дека човек кој живее со само неколку долари на ден и нема долгови, се смета за побогат од оној кој има прифатлива плата, но и стотици илјади долари долг за хипотека или студентски кредит.

Додека оваа критика привлекува внимание и има смисла на индивидуално ниво, „на макро ниво не е релевантна“ ни кажува Дебра Хардон, водечкиот истражувач на извештајот.

„Ова не се однесува на трендот кој го истакнуваме, а тоа е дека најголем број богати одат директно на врвот“, вели таа.

Преголемиот долг може сериозно да влијае на благосостојбата на поединецот.

„Неопходно е да се има одредено ниво на економска сигурност во случај да се соочите со ненадејни околности како што се скапо лекување или недостаток на храна. Ако сте на нула или во долгови, вашата способност да одговорите на ваквите ситуации е многу мала“, додава Хардон.

millioners

Вистинското прашање е што се прави со богатството на врвот.

„Доволно е да се погледнат парите потрошени за лобирање или финансирање за да се разбере кои се тоа количества пари и моќ кои се пренесуваат од рака на рака. Исклучително богатите имаат моќ да влијаат врз политиката, стопанството и животната средина, а тоа се однесува на сите нас“ вели таа.

Оксфам, исто така, стави акцент и на „глобалната пајакова мрежа“ на даночниот рај со кое богатството останува надвор од дофатот на обичните граѓани и на владата.

Се проценува дека 7,6 трилиони од индивидуалното богатство, една дванаесеттина од вкупниот број, е сместена во „оф шор“локации. Кога би се плаќале даноците на приходот, дополнителните 190 милијарди долари би им биле достапни на владите секоја година.

Даночниот рај е во срцето на глобалниот систем кој им овозможува на големите корпорации и на богатите луѓе да го избегнат плаќањето на својот дел на јавните институции чија помош е потребна за да се намали растечката нееднаквост“, вели Рејмонд Офенхајсер, претседател на Оксфарм во Америка.

„Ова е повик за будење“, вели Јирки Рајна, генерален секретар на ALL Global унијата која претставува 50 милиони работници од 140 држави вработени во секторите за рударство, енергетика и производството.

„Нееднаквоста е една од најголемите закани за економската благосостојба и мораме да и` застанеме на патот“, вели тој.

- Реклама -