Како храната ја менува околината во која живееме

Проектот Magnum Infinity Pleasure Pod на архитектите Бомбас и Пар ја прикажува моќта што нашите реакции на задоволство ја имаат во обликувањето на околината.

Околината, всушност, може да влијае на изборот на јадењата, но што ако нашата храна има моќ да ја промени околината? Ова е прашањето од кое тргнуваат архитектите и идејни творци на инсталацијата Magnum Infinity Pleasure Pod, Бомбас и Пар, создадена за потребите на познатиот производител на сладоледи Магнум.

Иако спојот на сладолед и невронаука може да делува малку безначајно и деликатно, сепак, проектот претставува кумулативен резултат од шестмесечно истражување за перцепцијата на задоволството во мозокот. Сите луѓе што биле вклучени во истражувањето влегувале во посебни капсули, во кои може да ја следат својата биолошка реакција со помош на проектор за дигитални анимации.

Капсулите ги следаат реакциите од типот на пулс, срцева работа, еластичност и тензичност во кожата, промените при голтањето на храната и основните изрази на лицето. Потоа ги претвора реакциите во код, кој се анализира и се користи за да се генерира дигитална уметност. Таа се прикажува во внатрешноста на капсулата низ подвижен калеидоскоп што менува бои и форми.

Проектот беше премиерно прикажан во Италија на почетокот на годинава, а неодамна е изложен и во Лондон.

- Реклама -