Сокријте ги овие голи статуи!

Неделава Италија пречека необичен гостин – Хасан Рухани, претседателот на Иран, кој минува низ неколку европски земји во потрага по поддршка и заживување на економските врски со Западот по потпишувањето на нуклеарниот договор.

На прв поглед, посетата помина успешно – Рухани и премиерот Матео Рензо одржаа заедничка прес-конференција во музеј, каде договорија трговски инвестиции во инфраструктурата, енергетиката и автомобилското производство во вредност од над 16 милијарди евра.

Фокусот на вниманието сепак не беше ниту бизнисот, ниту пoлитиката.

statua2

Се испостави дека најголемата полемика избувна по повод уметноста, деликатните разлики меѓу културите и политичката коректност.

Еве што се случи: Додека новинарите ги заземаа своите места во Musei Capitolini пред почетокот на конференцијата, забележаа дека многу од голите статуи изложени во музејот, се прикриени зад огромни бели картони.

Станува збор за уметнички дела кои се сметаат за национално и светско културно богатство.

Италијанските власти поставија цензура пред голите статуи, за да не влијаат врз Рухани и да не предизвикуваат конфузни ситуации за иранската делегација и да се избегнат противречностите меѓу двете земји.

Јавната реакција беше молскавична: Италијанците избувнаа против понижувањето на Владата, која удри по националното наследство и најскриените вредности на нацијата само за да му угоди на уназадениот туѓинец.

“Тоа не е знак на почит, туку обид за исклучување на разликите, тоа е еден вид капитулација”, коментира Лука Скуери, пратеник од партијата на Силвио Берлускони.

Друг италијански пратеник го прогласи за “чин на потчинетост”.

Италијанскиот печат еруптира со убиствени наслови.

Еден од најпопуларните стрипови му препорачува на Рензо да му стави кутија на главата на Хасан Рухани, ако сака да го поштеди од глетката на голите статуи.


Огнените страсти брзо ги зафатија и американските медиуми – особено оние кои се спротивставуваа на склучувањето на нуклеарниот договор со Иран и предупредуваа дека Западот му “прави мета” на непријателот, со што не само што ги отвора вратите за терористички напади, туку дури и ја пренесува западната цивилизација како таква …

“Агилноста, со која италијанската влада ги погази своите вредности и историско наследство со надеж да обезбеди некаква предност во златната треска по крајот на ембаргото во Иран, е токму она за што предупредуваа и што се обидуваа да го спречат опонените на нуклеарниот договор”, пишува американскиот истражувачки центар Brookings.

Дебатата брзо изби во крајности: некои коментатори го обвинија “арогантниот” Иран дека си дозволил бесрамност да ја принуди Италија да ги прикрие статуите за да го понижи домаќинот. Италија – како и повеќето западни држави – пак е критикувана дека е подготвена да се предаде, наместо да се спротивстави на непристојното однесување на гостинот.

“Самата италијанска цивилизација – ако не и целата западна цивилизација – е потчинета на силата на некој окупатор со турбан …”

Она што ниту еден од граѓаните кои негодуваа не го зема во предвид, е доста значаен факт: никој не упатил барања за криење на голите статуи, а и никој не се предавал на никого.

Самиот Хасан Рухани објасни дека иранската страна не побарала  да се стават белите картони во музејот.  Тој одговори со дипломатски израз на благодарност: “Знам дека Италијанците се многу гостопримлив народ, кој се труди да вложи максимални напори за удобноста на гостите, за што ви благодарам”, рече претседателот на Иран .

Министерот за култура на Италија, Дарио Франческини исто така изјави дека ниту тој, ниту Матео Рензо не знаеле дека статуите ќе бидат покриени. Министерот ја нарече одлуката на музејот “несфатлива”.

statua1

Има уште нешто што ги подгреа лутите реакции. Во октомври 2015 година, односно пред само 3 месеци, висок член на Владата на Обединетите Арапски Емирати беше во официјална посета во Фиренца. И тогаш протоколот на Рензо прикри една од голите статуи на местото на неговиот состанок со премиерот.

Одекнувањето на случката тогаш беше минимално – ниту еден голем светска медиум не и обрна големо внимание.

Впрочем, не само Италија се погрижи околу гостопримството на Хасан Рухани.

Во ноември 2015 година иранскиот претседател ја одби поканата за официјалната вечера во Елисејската палата во Париз поради присуството на селекција на француски вина во менито – Исламот забранува консумирање алкохол.

Иако иранската делегација инсистираше за “халал” мени, сепак францускиот протокол одби да ја наруши традицијата на официјалните државни вечери.

- Реклама -