И мајмуните ги фаќа депресија

Мајмуни во еко-парк во Аргентина почнале да добиваат терапија за депресија по смртта на двете најстари женки во нивната група.

Персоналот морал да им дава лекови на мајмуните зашто почнале да одбиваат да јадат. Две алфа женки од Урбаниот Еко-Парк Рио Куарто, кој се наоѓа 640 километри западно од Буенос Аиерес умреле пред 18 месеци од природни причини. Од тој момент „нивните мажјаци почнале да страдаат од депресија и четири од нив умреле од жал“ изјавил директорот Мириам Родригез.

Мајмуните од видот црни врескачи „живеат во група и се многу блиски“ додал Родригез. „Кога умреа женките забележавме дека другите се однесуваат чудно, но прво мислевме дека има проблем со храната.“ Загрижени поради летаргијата на мајмуните, персоналот се консултирал со специјалист од Зоолошката Кордоба, кој им кажал дека „животните најверојатно страдаат од депресија“.

По неколку анализи, психијатарот Сергио Кастиљо ја потврдил дијагнозата и пред два месеци им препишал терапија базирана на сертралин. Ветеринарот Езикиел Карицо ја опишал терапијата како „минерал добиен од серотонин кој се користи кај луѓето за борба против различни симптоми кои потекнуваат од компулсивни растројства поттикнати од депресија.“

На почетокот имаше отпор кон третманот бидејќи беше „смешно да им даваме лекови за анти-депресија дури и во минимална доза“ рекол Родригез, додавајќи дека терапијата имала позитивен ефект на духот на мајмуните. [Monkeys treated for depression in Argentina]

- Реклама -