Портрети на луѓе во најголемиот бувјак во Европа

Најголемиот бувји пазар во Европа се наоѓа во Чешка, поточно во Прага и се протега на површина од 12 ари. Тука има сè што некогаш сте сакале да купите или продадете, од скинати папучи до нови раткапни.

Фотографот Лео Малек редовно си го посетува бувјакот, но наместо да ги чкрапа непотребните винтџ ствари и да си ги полни архивите со глупости, човекот решил да ги фотографира луѓето кои продаваат.

До Колбенова, наједноставно, се стасува со метро. Одалечена е на само 25 минути од туристичкиот центар на северозападот од Прага.

Влезот нема да ве чини ни едно евро, поточно 45 денари или 20 чешки круни. А од кога ќе си платите, потоа сè е едноставно. Си се шетате низ прашини или кал (зависи од времето) со цел да пронајдете било какво парче што би ве направило среќни.

Има буквално сè. Од правосмукалки до храна со поминат рок, од ретро накити и облеки до ДВД порничи и користени вибратори – едвај функционални, компјутери, телефони и точаци.

Сè што треба да направите е само да се ценкате со овие прекрасни луѓе.

174523-1413238500808-size_1000 174524-1413238500751-size_1000 174525-1413238500635-size_1000 174526-1413238500972-size_1000 174527-1413238500498-size_1000 174528-1413238499981-size_1000 174529-1413238500466-size_1000 174530-1413238499834-size_1000

- Реклама -