Рио Фердинанд обвинет за расизам

Фудбалската Асоцијација на Англија го обвини фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, за расизам поради коментарите напишани на социјалната мрежа Твитер.

Тој го нарече Ешли Кол со фразата „чоколаден сладолед“, што во Англија има посебно значење „однадвор црномурест, но однатре бел“. Поради ова, најверојатно Фердинанд ќе биде казнет.

Рио Фердинанд се реши за вакви коментари откако Ешли Кол се појави како сведок во одбраната на Џон Тери, во судскиот процес за расизам, поради тоа што претходно го навредуваше неговиот брат Антон Фердинанд на фудбалски натпревар од Премиер лигата. Сепак, Тери беше ослободен од обвинението.

- Реклама -