Посебни влезови за богатите и сиромашните во зграда

Отсекогаш звучело иронично човековото право дека “Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права” (што Американците обожаваат да си го споменуваат кога се ставаат во улога на спасители на светот), со неговата примена во Њујоршкото секојдневие каде се повикуваат на капиталистички срања и класи.

Контроверзната “врата за сиромашни” во луксузен облакодер на Линколн Сквер веќе се користи. Станарите кои беа избрани да живеат во 55-те апартмани за луѓе со ниски приходи во богатата 33-катна зграда, неодамна почнаа да влегуваат низ вратата за сиромашните, а многумина се загрижени од очигледната нееднаквост.

ide

“Нешто што најмногу не ми се допаѓа е тоа што ги немаме истите убавини”, вели 27-годишната Кристина Фигуерас, самохрана мајка на две деца. Иако Фигуерас смета дека имала среќа да добие стан со две спални на изнајмување за 1.082 долари месечно, откако се пресели од посиромашниот дел во горниот Менхетен, таа тврди дека станарите, кои не се толку богати немаат машини за миење садови. Станарите во “најсиромашниот” дел од зградата каде што кириите почнуваат од 833 долари месечно за студио без поглед кон реката, имаат пристап само до собата за велосипеди, незавршена перална и општи области, кои се наоѓаат во близина на дворот во кој немаат право да влегуваат.

Нивните богатите соседи во останатите 219 апартмани со поглед кон реката, чии што цени почнуваат од 1,3 милиони долари, можат да уживаат во две теретани, базен, кино и луксузнa заедничка соба. Тие исто така можат да се шетаат во дворот, до кој има пристап само од “богатата” страна на зградата. Богатите и сиромашните не само што имаат одделни влезови туку и живеат на различни адреси. Богатите официјално живеат на Риверсајд булевар 50, а сиромашните на Риверсајд булевар 40.

ide1

44-годишниот закупец со ниски приходи Ерик Олм се сели на шестиот кат во стан со една спална соба, а сите негови прозорци гледаат кон забранетиот двор.

“Би било убаво ако можев да го користам”, вели тој за New York Post.

Друг станар од сиромашниот дел на зградата се жали дека ѕвончето и домофонот не работат.

“Постојано велат дека ќе ги направат, но тоа никогаш не се случува”, вели истиот станар кој посакал да остане анонимен, за да не го изложи на опасност престојот во зградата.

За да се квалификува за стан со “достапна” кирија, едно четиричлено семејство треба да заработува помалку од 50 000 долари годишно, а поединечно не повеќе од 35 000 долари. Речиси 90 000 луѓе се пријавиле за 55 станови во оваа зграда.

Градежната компанија Extell беше подложена на критики во 2013 година, откако предложи да изгради станови за лица со ниски приходи во луксузната зграда кои ќе користат посебен влез. Изградба на вакви станови значеше дека Extell ќе искористи даночни олеснувања во износ од милиони долари и ќе добие дополнителни права за градба. Градските власти на Њујорк го решија овој проблем, со тоа што усвоија уредба минатата година, според која куќите за луѓе со ниски примања треба да имаат ист влез и општи области, како останатите во зградата. Последново веројатно ќе и направи проблем на компанијата да ги искористи даночните олеснувања.

- Реклама -