The Revenant – најголемиот победник на “Златен глобус”

Најголем победник на филмските награди “Златен глобус” оваа година е филмот The Revenant / “Враќањето” на режисерот Алехандро Гонзалес Инариту.

zg1
Филмот доби статуетки за најдобар актер во филмска драма, за најдобра филмска драма и за најдобра режија.

zg3

zg4

73-ата церемонија на доделување на наградите се одржа во Лос Анџелес.

“Марсовецот” на Ридли доби “Златен глобус” за најдобра комедија, а актерот во главната улога – Мет Дејмон, доби статуетка за најдобар актер во комедија или мјузикл.

zg8 zg9

Џенифер Лоренс освои “Златен глобус” за најдобра актерка во филмската комедија или мјузикл за улогата во филмот “Joy”.

zg2 zg5

За најдобар странски филм беше прогласен Son of Saul. За најдобро сценарио беше избран “Стив Џобс” на Арон Соркин.

Силвестер Сталоне освои статуетка за најдобар актер во споредна улога за учеството во филмот Creed.

Inside Out” освои “Златен глобус” за најдобар анимиран филм.

Италијанскиот композитор Енио Мориконе освои статуетка за музиката во филмот The Hateful Eight на Квентин Тарантино. Композиторот не присуствуваше на церемонијата и статуетката беше прифатена од режисерот.

zg7

За најдобра оригинална филмска песна беше прогласена “Writing’s on the Wall” од последниот филм за Бонд – “Спектар“.

Кејт Винслет освои наградата “Златен глобус” за најдобра актерка во споредна улога во филмот “Стив Џобс”. Винслет ја игра улогата на Џоана Хофман – поранешен маркетинг директор на “Епл” (Apple).

 

- Реклама -