Незнаењето е сила и моќ

Незнаењето е мајка на пропагандата…и продава.

Во 1979 година бил откриен еден таен меморандум на тутунската индустрија пред јавноста.

Истиот се вика Smoking and Health Proposal и открива многу од тактиките користени од страна на најголемите тутунски компании, за да се спротистават на “анти-пушачките” сили.

Во извештајот има и дел кој се однесува на маркетингот пред масовните корисници:

“Сомнежот е она што ни помага при продажба, бидејќи тоа е најдобар начин да се натпреваруваме со “изградената низа од факти “, што постои во главите на масовните корисници. Ова е и начин да биде предизвикана полемика”.

ignorance

Откритието предизвикува силен интерес кај Роберт Проктер, кој работи како историчар на Универзитетот Стенфорд.

Проктер решава да ги истражува практиките на тутунските компании и начинот на кој тие шират сомнеж кај јавноста по прашањето дали пушењето предизвикува рак.

Проктер констатира дека тутунската индустрија не сака корисниците да знаат за штетата од производите и троши милиони за прикривање на фактите за ефектот од пушењето врз здравјето на човекот.

Оваа студија го тера да создаде нов збор за истражувањето на намерната дистрибуција на незнаење: агнотологија.

Таа произлегува од “агносис”, неокласичен грчки збор за незнаење и онтологијата – филијалата на метафизиката, која се однесува на природата на битието. Агнотологија е истражувањето на намерни дејствија со цел ширење на конфузија и измама, обично со цел продажба на производи или поддршка.

“Истражувањата се однесуваат на тоа како влијателни бранши промовираат незнаење за да ги продаваат своите производи. Незнаењето е сила … а агнотологијата се занимава со намерното создавање на незнаење.

Додека навлегував во агнотологијата го открив тајниот свет на скриената наука – и си помислив дека историчарите би требало да и посветат поголемо внимание “.

Меморандумот од 1969-та и тактиките користени од тутунската индустрија, стануваат совршен пример за агнотологија, вели Проктер.

“Незнаењето не е само уште некоја непозната; тоа е и политички маневар, намерно креиран од влијателни играчи кои сакаат вие “да не знаете.”

За помош, Проктер привлекува кон истражувањето лингвисти од Калифорнискиот универзитет и заедно го создаваат поимот – самиот неологизам се појавува во 1995, но голем дел од анализата на Проктер на овој феномен се случила во претходните децении.

Балансирање меѓу ексцесите

Агнотологијата е исто толку важна сега, колку и во времето кога Проктер го проучува прикривањето на фактите за ракот и пушењето на тутунската индустрија.

На пример, политички мотивиран сомнеж со месеци бил ширен во однос на националноста на американскиот претседател Барак Обама, додека тој не го покажува државјанството во 2011 година.

Во друг случај, политички коментатори во Австралија се обидуваат да предизвикаат паника, споредувајќи го кредитниот рејтинг на земјата со онаа на Грција – иако лесно достапните информации од агенциите за рејтинг покажуваат дека двете економии се крајно различни.

Проктер објаснува дека тоа незнаење често може да се шири под маската на “избалансирана дебата”.

На пример распространетата идеја дека секогаш ќе има две спротивставени гледишта, не секогаш води до рационален заклучок.

Токму на база на овој принцип тутунските компании ја користат науката за продажба на производи со безопасен изглед, и овие денови истиот принцип се користи од оние кои ги негираат климатските промени, за да ги оспоруваат научните докази.

“Овој” принцип на баланс им “дозволил на производителите на цигари, како и на споменатите во денешно време , да тврдат дека во секоја приказна има две страни, дека” експертите не се согласуваат “и на тој начин создаваат лажна слика на вистината и свесно ширење на незнаење “.

На пример, според зборовите на Проктер, многу од истражувањата поврзани со канцергенните материи во тутунот, првично се направени врз глувци, а тутунската индустрија реагирала на нив, велејќи дека истражувањето на глувци не значи дека луѓето се изложени на ризик.

618x345

Нова ера на незнаење

“Живееме во свет на радикално незнаење и генерално чудо е тоа што некој вид вистина продира низ бучавата”, вели Проктер. Иако познанието е “достапно”, тоа не значи дека некој го користи потенцијалниот пристап до него, предупредува тој.

“Иако за повеќето работи тоа е тривијално – пример температурата на вриење на живата – за важни прашања од политичката и филозофската сфера, познавањето на луѓето најчесто доаѓа од вера или традиција, или пропаганда, а не од нешто друго”.

Проктер утврдува дека незнаењето се шири прво кога многу луѓе не разбираат даден концепт или факт, и второ, кога групи кои имаат материјален интерес – трговска фирма или политичка група – настојуваат да предизвикаат конфузија околу ова прашање.

Како што покажува случајот со непознавање во однос на цигарите и климитските промени – научно неукото општество најверојатно ќе биде попустливо пред тактиката користена од луѓето кои се стремат да предизвикуваат конфузија и да ја прикриваат вистината.

Замислете на пример за климатските промени

“Борбата не е само по прашањето за постоењето на климатските промени, таа е за тоа дали Бог ја создал земјата за да ја користиме, дали Владата има право да наметне регулативи на бизнисот, дали еколозите треба да имаат повеќе права, и така натаму. Прашањето не е само во фактите, туку во начинот на кој луѓето си ги замислуваат причините и последиците од овие факти “, вели Проктер.

Самостојното размислување

Друг научник кој го проучувал незнаењето, е Дејвид Денинг.

Тој предупредува дека Интернетот помага за ширење на незнаењето.

Тоа е место каде што секој има шанса да биде експерт, појаснува тој, што ги прави луѓето плен на моќните интереси на луѓето кои сакаат намерно да шират незнаење.

“Некои паметни луѓе ќе извлечат корист од информациите допстапни со само еден клик, но многумина ќе бидат заведени кон погрешно чувство на експертиза. Загриженоста не ми е тоа што ја губиме способноста да размислуваме сами со главите, туку дека станува премногу лесно да го избегнуваме размислувањето. Би требало да се консултираме со други многу повеќе отколку што замислуваме. Другите луѓе може исто така да се несовршени, но често нивното мислење може да придонесе за корекција на нашето сопствено несовршенство, а нашето сопствено несовршен познание помага за корекција на нивните грешки “, коментира Денинг.

Денинг и Проктер исто така предупредуваат дека намерното ширење на незнаење е исклучително распространето за време на првичните избори за претседателски кандидати за САД – и од двете страни на политичкиот спектар.

“Доналд Трамп е најочигледниот актуелен пример во САД, доколку тој им нуди на своите следбеници лесни решенија кои или се неприменливи, или неуставни”, вели Денинг.

Агнотологијата може и да потекнува од златните години на тутунската индустрија, но во денешно време потребата од таков збор и од учењето на човековото незнаење не е помала од порано.

- Реклама -