Десет неетички психолошки експерименти

7. Експериментот во Робертс Кејв

Музафер Шериф го спроведува експериментот во Робертс Кејв во текот на летото во 1954, истражувајќи ја групната динамика во случаи на конфликт.

Група момчиња во рана тинејџерска возраст се донесени на летен камп, без да знаат дека воспитувачите им се всушност психолози. Момчињата се поделени на две групи и се чуваат одделно една од друга. Групите се во контакт една со друга, само додека се натпреваруваат во спортски настани или други активности.

Експериментаторите организираат растечка тензија меѓу двете групи, особено со тоа што ја одржуваат трката помеѓу нив со блиски резултати.

Потоа Шериф создава проблеми од типот на недостиг на вода, кои бараат двата тима да се обединат и да работат заедно за да ја постигнат целта. По неколку такви заеднички решавања на проблеми, групите стануваат целосно униформирани и пријателски расположени.

Иако експериментот изгледа едноставен и најверојатно безопасен, тој сепак се смета за неетички овие денови, бидејќи Шериф прибегнува кон измама и момчињата не знаат дека учествуваат во психолошки експеримент. Шериф исто така не добива информирана согласност од учесниците.

- Реклама -