Десет неетички психолошки експерименти

4.Експериментот на Милграм

Психологот Стенли Милграм се надева дека ќе разбере подобро како толку многу луѓе прифатиле да учествуваат во злосторствата на холокаустот. Неговата теорија е дека луѓето воопшто имаат тенденција да се потчинуваат на авторитети. За да ја докаже, тој го поставува следново прашање: “Дали Ајхман и неговите милиони соучесници во Холокаустот само извршувале заповеди? Дали последователно треба да ги нарекуваме сите нив соучесници?” Во 1961 година, тој почна да спроведува експерименти на темата послушност.

Учесниците биле оставени со впечаток дека се дел од истражувањето на меморијата. Тие биле поделени на парови од “учител” и “ученик”, но едниот е актер, па всушност има само еден вистински учесник.

Ждрепката исто е манипулирана, па учесникот секогаш добива улога на “учител”. Паровите се преместуваат во соседните соби и “учителот” добива инструкции да притиска копче за да предизвика електрошок кај “ученикот” секој пат кога тој ќе даде погрешен одговор.

Напонот на електрошок се зголемува со секој нареден пат. На крајот актерот почнува да се жали, по што следат сè повеќе очајни крици.

Милграм констатира дека повеќето учесници ги извршуваат заповедите да продолжуваат да предизвикуваат електрошокови и покрај очигледната непријатност на “ученикот”.

Ако овие електрошокови беа вистински и беа со наведениот напон, повеќето од нив реално би го убиле “ученикот” во соседната соба. Откривањето на овој факт пред учесниците по одржувањето на истражувањето е несомнен пример за психолошка траума.

- Реклама -