Десет неетички психолошки експерименти

10. Стенфорд затворскиот експеримент

Во 1971 година Филип Зимбардо од Универзитетот Стенфорд го создаде својот прочуен затворски експеримент, чија што цел е да се истражува групното однесување и важноста на улогите.

Зимбардо и неговиот тим селектираат група од 24 мажи студенти кои се прогласени за “здрави” – како физички, така и психички.

Тие ги запишуваат мажите за учество во “психолошко испитување на затворскиот живот”, за што добиваат по 15 долари дневно.

Половина од волонтерите по случаен избор се распределени како “затвореници”, а другата половина како “чувари”.

Експериментот се одвива во одделот за психологија на Стенфорд, каде што тимот на Зимбардо создава импровизиран затвор. Експериментаторите вложуваат огромни напори да создадат реални услови за затворениците, вклучувајќи лажни апсења во домовите на учесниците.

Затворениците се запознаени со затворскиот живот што вклучуваат постапки за деконтаминација и раздавање на понижувачка униформа.

Чуварите добиваат нејасни инструкции дека никогаш не треба да манифестираат насилство кон затворениците, но истовремено мора да ја задржат контролата над нив.

Првиот ден минува без инциденти, но веќе вториот ден затворениците се побуниле. Ова однесување ги шокирало чуварите и на крајот довело до подоцнежно психолошко малтретирање.

Чуварите почнуваат да ги делат “најдобрите” од “лошите” затвореници и им наметнуваат на бунтовниците казни, вклучувајќи склекови, затворање во изолатор и јавно понижување.

Зимбардо објаснува:

“Само за неколку дена чуварите станаа садисти, а затворениците станаа депресивни и демонстрираа знаци на краен стрес”.

Двајца затвореници заработуваат од експериментот; едниот прави кариера како психолог и консултант на властите по затворските прашања.

Првичниот план е експериментот да трае две недели, но тој бил прекинат претходно, кога идната сопруга на Зимбардо – психологот Кристина, на петтиот ден го посетува експериментот и изјавува: “Мислам дека она што го предизвикуваат овие момци е ужасно”.

Иако е неетички експеримент, Зимбардо и досега продолжува да работи како психолог. Всушност нему дури и му беше врачена награда во 2012-та за комплетни научни достигнувања од Американската асоцијација на психолозите.

- Реклама -