Десет неетички психолошки експерименти

6.Излитена беспомошност

Етиката на експериментите на Мартин Селигман за излитена беспомошност исто денес е критикувана поради лошиот однос кон животните.

Во 1965-та Селигман и неговиот тим користат кучиња, за да проверат како тие ја гледаат контролата.

Групата става куче од едната страна на кутија, поделена на половина со ниска преграда. Потоа се применува електрошок, кој би можел да биде избегнат, ако кучето ја прескокне преградата кон другата половина. Кучињата брзо учат како да се заштитат од електрошок.

Потоа групата на Селигман собира група на кучиња и по случаен избор започнува со електрошок, кој нема како да биде избегнат. Следниот ден истите кучиња се ставени во кутија со преграда.

Иако новите околности би им овозможиле да ги избегнат болните електрошокови, кучињата не прават никаков обид да ја прескокнат оградата; тие само завиваат и не се помрднуваат од место, демонстрирајќи беспомошност.

- Реклама -