Најбизарни Олимписки настани

Танцување со ленти, синхронизирано нуркање, карлинг? Овие Олимписки настани се на работ на дефиницијата на „спорт“.

Но овие настани не се ни блиску до најчудните во 116 годишната историја на Олимписките Игри. Некои од овие настани дефинитивно заслужуваат златен медал за бизарност.

Соло Синхронизирано Пливање

Синхронизираното пливање е еден од најабсурдните спортови на Олимпијадата. Секој претпоставува дека синхронизирањето е помеѓу учесниците, па соло верзијата едноставно се чини нелогична.

Волтер Винанс – Добитник на медал во Скулптури и Пукање

Винанс е еден од само двајца луѓе кои имаат освоено медал за уметност и спорт.

Германскиот Тим во Воена Патрола од Зимската Олимпијада во 1928 година

Сериозно. Колку и да е тешко за верување „Воена Патрола“ бил демонстративен спорт на зимските Олимпијади во 1924, 28, 36 и 1948 година. Овој „спорт“ е претходник на модерниот бијатлон.

Гасење пожари

Гасењето пожари било неофицијален настан на Летната Олимпијада во 1900 во Париз, Франција. Натпреварувањето се одржувало за професионални и доброволни пожарникари. Во американскиот извештај за Олимпијадата, АГ Спалдинг посветил цела страна за ова натпреварување, во кое победник бил Канзас Сити.

Пукање со топ

Пукање со топ било демонстративен спорт на Олимпијадата во Париз во 1900 година.

Влечење со јаже, Париз 1900 година

Комбиниран тим од Шведска и Данска го победил Францускиот тим за златен медал во влечење со јаже.

Пливање, 200 метри со пречки за мажи

Повторно Олимпијадата во Париз во 1900 година. Пречките биле сè што пловело по Сена за време на настанот.

Пукање во живи гулаби

Овој настан бил одржан само на една Олимпијада, повторно Париз 1900 година.

Планирање градови 1928, 32, 36, 48

Ова е Марин Парк во Бруклин за чие планирање Чарлс Даунинг Леј освоил сребрен медал на Олимпијадата во 1936 година.

Дуел

Овој настан бил одржан двапати. Носејќи маски натпреварувачите се обидувале да го погодат лицето на противникот со восочни куршуми. На Олимпијадата во 1908 година, иако настанот бил одржан во 1906 година, учествувал Сер Космо Даф Гордон кој подоцна го преживеал потонувањето на Титаник.

- Реклама -