Направете си новогодишна филмска со нетрадиционални класици

Претворете ги празниците во возбудливо интелектуално искуство со неконвенционални филмови кои го носат потребниот зимски декемвриски дух, но го експлоатираат и истражуваат под друг агол.

Ви нудиме шест нетрадиционални и одлично направени божиќни и новогодишни филмови.

“Очи широко затворени”

film1

Последниот филм на големиот филмски гениј Стенли Кјубрик, “Очи широко затворени ” е безмилосно квалитетно уметничко дело со особено индивидуална, уникатна и божиќна атмосфера. “Очи широко затворени” раскажува за сложените односи на атрактивна Њујоршка двојка во пресрет на празниците. Филмот е елегантно и еротско истражување на интимноста, сексуалноста, соништата и лојалноста и им нуди можност на Том Круз и Никол Кидман да изградат суптилни и енигматски ликови. Кјубрик ја доловува божиќната и новогодишната тема на крајно оригинален начин во својот опус, а финалето е триумфално откровение, достојно за најголемите празници.

- Реклама -