Десет работи што се случуваат за една секунда

Колку точно е една секунда?  Делува малку, но ако го оставиме настрана субјективното чувство за време, за една секунда во универзумот можат да се случат (и се случуваат) вртоглаво многу работи.

4vboRJwVxvxAqEmHsUj3

Пред да ве запознаеме со една интересна статистика за случувањата на Земјата и во вселената за време на оваа временска рамка, ајде накратко да кажеме колку точно е една секунда.

Современата физика ја дефинира едната секунда како време во кое се случуваат токму 9 192 631 770 осцилации на атомот на хемискиот елемент цезиум. За една секунда светлината може да ја обиколи Земјата во Екваторот над седум пати, а некои од елементарните честички кои научниците ги создаваат во големите акцелератори живеат толку кратко што ако нивниот живот се поистовети со човечкиот, тогаш една секунда би траела милиони години.

Продолжуваме со уште неколку  работи што се случуваат во рамките на нашата една секунда:

За една секунда некаде во Универзумот се гасат 30 ѕвезди поголеми од Сонцето.

Galaxy Cluster Abell 1689 HST ACS WFC H. Ford (JHU)

За една секунда Земјата е погодена од 40 молњи при грмотевици.

grmotevici

За една секунда корисниците на Google прават 11.500 пребарувања. Приближно толку е и логирањето на профили на социјалната мрежа Facebook. Одделно, за една секунда светот во просек испраќа 2,8 милиони меилови.

shutterstock_189606761

За една секунда во дождовните шуми се отсечени 34 дрвја.

Vladamir_Kush-Red_Wood_Cutting

За една секунда 2,8 милиони литри вода се излеваат од Нијагарините водопади.

Zaledjeni-Nijagarini-vodopadi-15-620x350

За една секунда во светот се продадени речиси 20 илјади пијалаци Coca Cola.

038647400_1439213171-20150810-Kemasan_Baru_Coca-Cola-Jakarta-08

За една секунда луѓето трошат 3 илјади долари на онлајн забава за возрасни.

Internet dating heart shaped pink mouse

За една секунда на свет се појавуваат 4 бебиња, а двајца луѓе умираат.

many-babies-born-day_42294b58b04fdff7

За една секунда во универзумот се раѓаат 4 илјади нови ѕвезди.

tumblr_n26e6u0uks1rkpwyeo1_500

- Реклама -