Дали може да се живее без шминка?

bez-sminke-se-uglavnom-moze-ziveti-body-image-1450476890

Сум размислувала за ова уште од времето кога ми се случи сосема засрамувачка ситуација на факултет. Во тоа време работев навистина напорно, а тоа утро бев во брзање и морав да одберам помеѓу четкичка за заби и шминка. Нормално, шминкањето отпадна.

Ха ха, на што личиш, како од поплава да си излегла“, промрчи мојата колешка, весело, кога ме здогледа пред факултетот. Бев комплетно шокирана и мислам дека не ѝ покажав колку тоа ме извади од такт. Не се навредив затоа што сум свесна дека не сум грда. И дури и да мисли некој дека сум, тоа не е мој проблем. Единствено размислував дали лицето на жената без шминка е навистина толку шокантно за да не треба да се покажува во јавност.

bez-sminke-se-uglavnom-moze-ziveti-body-image-1450477173-size_1000

Вакво искуство не сум имала никогаш порано. Сум се движела насекаде низ главниот град, сум се влечела по градскиот превоз, сум идела на безброј интервјуа, сум доаѓала на факултет без шминка, неосновано стравувајќи дека ќе се изнаслушам милион глупости. И токму кога тој страв исчезна – БУМ. Глупав коментар. Не дека ме обесхрабри. Сепак, сакав да видам што точно ќе се случи ако престанам да го покривам или разубавувам најистакнатиот дел на себе и да им кажам на другите „ако де, мразете ме“. Вистинската причина никому не ја соопштив, не сакав со ништо да ја попречам нивната реакција.

Корпата во која ги одлагам скапите сенки и кармини ја ставив подалеку од видикот и психички се подготвив дека некое време ќа изгледам како „before picture“ .

Спротивно на очекувањата, ништо драматично не се случи, не добив никакво глупаво прашање ниту грд коментар. И никој не ме праша дали сум болна. Не доживеав никакво просветлување но, дојдов до некои важни заклучоци.

На никого не му е гајле

Ако ги исклучиме гревчињата кои дофрлуваат без никаква посебна причина, мнозинството си ја гледа исклучиво својата работа, освен ако не се издвојувате од толпата на некаков посебен начин. Ако не ги загледуваш нашминканите девојки и не се споредуваш со нивното лице, ќе се чувствуваш сосема удобно. Спротивно, се чувствуваш инфериорно, лишена од полот и сосема неинтересна. Како што одминуваше времето, се повеќе се помирував со новата ситуација.

Со колегите и со луѓето од работната средина, комуникацијата одеше сосема нормално. Можеби тие биле премногу фини за да ми дадат до знаење дека изгледам како подгреан леш, а можеби и навистина не изгледам толку лошо без шминка.

bez-sminke-se-uglavnom-moze-ziveti-body-image-1450477344

Помалку доцнење и полесно се дише

Во седум од десет случаи ме чекаат на зборното место, пиздејќи од бес поради моето дваесет минутно доцнење.  Тогаш се појавувам со скисната фаца и со залепени циркони по лицето па некако може да ми се прогледа низ прсти. Додека не се шмкинкав никогаш не доцнев, само затоа што не ја китев фацата со ништо, освен балзамот за усни и кремата за лице. Бев одушевена од тоа како сé може да функционира многу полесно. Се бакнувам, јадам, ги тријам очите, без страв дека ќе се избербатам или ќе ги замачкам саканите блиски. Моето лице помалку се мастеше без секојдневното триење со памук.

Сопствениот лик ти станува помил

Од Self-love идеологијата во последно време нема леб.

Хормоните, во комбинација со нечистотиите од воздухот, со нервозата и со лошата исхрана си го прават своето. Се легнува доцна, рано се станува, се лутиме, се смееме, мачкаме, се триеме, се кубеме. Нормално е сето тоа да остави трага. Остануваат лузните и темните кругови, пори, дупчиња и бори.
Факт е дека жените се третираат понеумерено кога се обидуваат со шминка да ја скријат проблематичната кожа на лицето. Неброено пати сум слушнала страшни озборувања за девојки кои ставаат подебел слој пудра во обидот да ги прикријат недостатоците. Повеќето не можат ни да замислат да го напуштат домот без основната шминка. А кога ќе се нашминкаат доволно вешто, веднаш почнуваат коментарите „на првиот дејт носи ја на базен хе хе“. Тешко е да се победи во војната со суровоста на околината.

Мојот конечен заклучок е, шминкање или не, сосема е исто. Барем за мене. Ако се занемари доаѓањето на време и чувството на опуштеност, јас не добивам ништо, а се лишувам од една од омилените секојдневни активности.

bez-sminke-se-uglavnom-moze-ziveti-body-image-1450477522-size_1000

И натаму сум на мислењето дека козметичката индустрија во главно заработува на личните несигурности, но добар дел од девојките и жените не ѝ припаѓаат на таа група.

Како олеснителна околност го земам фактот што не работам во телевизија или како стјуардеса, каде што прикладната шминка претставува дел од имиџот на медиумот и компанијата. Сепак, на телевизија ги шминкаат и мажите, па не може да стане збор за некаква дискриминација на жените на овој план.

Колку е тешко да им се допаднеш на луѓето и без шминка, може да биде предмет на сериозно истражување.

- Реклама -