Home Свет На екскурзија во Сирија

На екскурзија во Сирија

0
На екскурзија во Сирија

Сирискиот конфликт е причина за селење на над 4 милиони жители на Сирија, но очигледно руската туристичка агенција „Мегаполис“ смета дека земјата е добра за туризам.

Од наредната година, агенцијата ќе ги нуди наречените „Асад-тури“, кои ќе траат 4-5 дена и ќе вклучуваат поглед на најопасните места во Сирија. Патувањата ќе чинат околу 1.500 долари, што ги покрива сместувањето, храната и туристичкиот водич, но не и осигурувањето.

Од агенцијата велат дека „луѓето се љубопитни да го видат пишувањето на историјата пред нив“. Овие патници ќе бидат на еден километар од фронтот, но не поблиску бидејќи не би било безбедно. Патниците нема да добиваат оружје, велат од агенцијата.

1383359163616.cached

Руската агенција за патување, пак, се огласи со известување дека не примила барање за одобрување на такви тури од агенцијата. Затоа, моментално агенцијата нема право да ги продава овие патувања.

Инаку, досега во сирискиот конфликт загинаа над 250.000 луѓе, а 7,6 милиони се иселени надвор од територијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here