Света Мајка Тереза

Жената со несебично срце и света душа, Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица.

Мајка Тереза ќе го добие светиот статус за кој беше неопходно да бидат признаени две чуда, откако денеска Папата Францис го призна второто чудо – лекување на маж од Бразил од неколку мозочни тумори.

Мајка Тереза ќе биде канонизирана во септември.

majka tereza

Во продолжение една убава мисла од мајката родена во Скопје.

Животот е можност, искористи ја.

Животот е убавина, восхитувај и се.

Животот е блаженство, вкуси го.

Животот е сон, оствари го.

Животот е предизвик, излези му в пресрет.

Животот е должност, исполни ја.

Животот е игра, играј ја.

Животот е ветување, исполни го.

Животот е тага, надмини ја.

Животот е песна, пеј ја.

Животот е борба, прифати ја.

Животот е трагедија, соочи се со неа.

Животот е авантура, осмели се на неа.

Животот е среќа, создади ја.

Животот е премногу скапоцен, не уништувај го.

Животот е живот, бори се за него.

Мајка Тереза

- Реклама -