Пакет со грав за детето во туѓина

grav
Автобусите на разни компании низ Европа – од Хамбург до Барселона превезуваат најразлични нешта – баклава, алкохол, цигари, па и варен грав.

Обичајот за испраќање пакети во странство е стара балканска пракса, некогаш во војска, некогаш до децата што студираат далеку од родното место, а некогаш кога од дома некој ќе замине на печалба. Роднините во пакетот обично ставаат сè што мислат дека би му било потребно и корисно на нивниот близок што го очекува неизвесна судбина далеку од дома.

Не може да се опише чувството кога ќе се отвори еден пакет, затоа што никогаш не знаеш што можеш да најдеш внатре. Од сувомеснати и други прехрамбени производи, до гардероба, книги, парфеми и други знаци на внимание.

Автобусите на разни компании низ Европа, од Хамбург до Барселона возат сешто. Од баклави, до цигари, но и грав, пишува српски Телеграф.

Весникот додава дека Босанците најмногу умеат да им го разубават животот на нивните пријатели од дијаспората, па често низ светот патуваат пакети во кои што има суво месо, алкохол, колачи, како и женски гаќи.

- Реклама -