Зошто имињата на многу држави завршуваат на „-стан“?

art-borat-620x349[1]

Наставката -стан е древен суфикс со персиско потекло. Уште од антички времиња се користи како ознака дека одредена земја/територија припаѓа на одредена група луѓе. Едноставно, -стан значи „земја на“. Така, претежно луѓето од Централна Азија, кога на името на својата културна или етничка група ќе ја придодадат наставката, всушност сакаат да кажат дека таа и таа територија им припаѓа ним. На пример, Казахстан е „земја на Казаките“.

Како што рековме, корените на наставката потекнуваат уште од Персија, поточно од индо-иранскиот елемент „станам“, кој значи „место“, а во буквален превод – „каде што некој стои“. Оваа стара конструкција има уште постари корени во прото-индо-европскиот глагол „ста“, кој исто така значи „стои“.

stan

- Реклама -