Светскиот ден на планината во недела на Матка

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), традиционално и оваа година се приклучува кон одбележување на 11 декември, Светскиот ден на планината, со цел да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита.

Matka-Lake

Одбележувањето ќе се врши во двата дена на викендот. Утре во киното „Фросина“ во МКЦ од 18 часот ќе се проектираат планинарски филмови, а в недела во рамките на одбележувањето, се организира планинарски марш до Матка. Маршот ќе почне во 7 часот пред ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје и ќе се оди се до Матка. Истовремено, во Матка од 10 часот пред манастирот „Света Богородица“ ќе почне организирано пешачење во околината.

Федерацијата на планинарски спортови ги поканува сите заинтересирани да се придружат на настанот.

- Реклама -