Олдтајмери вредни 32 милиони долари

Иако се очекуваше дека автомобилот “Порше 356C” што го возеше Џенис Џоплин, ќе достигне цена помеѓу 400 и 600 илјади долари, тој беше продаден завчера на аукција во Њујорк по цена од 1, 76 милиони долари.

a5
На аукција се појави уште еден атрактивен автомобил – “Aston Martin DB4GT Zagato” од 1962 година кој е продаден за 14,4 милиони долари, а со тоа постигна рекорд за британски автомобил кој е продаден најскапо на аукција.

a1

Претходно годинава силите ги здружија “RM Auctions”, најголемата аукциска куќа за колекционери на автомобили и Sotbi. Така настана “RM Sotheby’s” аукциската куќа. Првата аукција на најновото партнерство понуди историскa екстремна автомобилска аукција со престижна колекција од 30 автомобили.

a2

Во колекцијата на највредни автомобили на сите времиња се наоѓа и автомобилот  “Ferrari 290 MM by Scaglietti” од 1956 година, направен специјално за легендарниот петократен светски шампион Хуан Мануел Фангио , за истата година да се натпреварува со Миле Миглиа.

a3

Се очекува овој фамозен автомобил да достигне цена помеѓу 28 и 32 милиони долари.

a4

- Реклама -