21 јули бил најтоплиот ден во историјата на мерењата во светот

Недела, 21 јули, беше во просек најтоплиот ден откако се вршат мерења на температурата во светот, покажуваат прелиминарните податоци на организацијата Коперник, агенција на ЕУ за климатски промени.

Просечната глобална температура на воздухот достигна 17,09 степени Целзиусови во неделата, малку повисока од претходниот рекорд од 17,08 степени лани.

Во текот на изминатата недела големи делови од САД, Европа и Русија беа зафатени од топлотен бран.

Прочитајте и:  Гутереш: Човештвото е жртва на екстремна топлотна епидемија
- Реклама -