Макс Фреи за љубовта и глупоста

ljubov

Малото глупаво бело маче знае што е љубов

Љубовта е да лежиш не непријатно мрсниот скут додека омилениот човек задремал на неколку минути – без да пушташ остри канџи за да се задржиш на него. Само да паднеш на подот, да пуштиш една воздишка и се искачиш повторно на лизгавиот и неповолен скут. Повторно да паднеш на подот, но без да пушташ нокти. Да воздивнеш, да се вратиш, и така до бескрај.

Глупавиот голем и тромав човек исто знае што е љубов

Љубовта е да стоиш во непријатна поза, додека прстите едвај го допираат подот. Се обидуваш да се помрднеш сосема нежно да не го разбудиш, но глупавото бело маче паѓа на земја. Токму во овој прекрасен свет, исткаен од глупост и љубов, може да се слушне звукот на тишината и спокојот.

Автор: Макс Фреи од “Господарот на ветрот и зајдисонце”

- Реклама -