Како да дадеш шах-мат во два потега

shutterstock_255260497[1]

Обично шахот подразбира долга и макотрпна борба на умови. Но, не мора секогаш да биде така. Најкратката партија може да трае само два потега. Постои само една варијанта во која може да се даде шах-мат во два потега, познат како „fool’s mate“, а како што кажува и самото име, играчот треба да е будала за да изгуби на ваков начин.

Мат во два потега може да даде само играчот со црни фигури, под услов во првите два потега белиот да го изигра пиунот на F2 и пиунот на G2 на полето G4.

Fools_mate_animation[1]

 

- Реклама -