Едноставни летни третмани за убавина

Нема ништо порелаксирачко од ден поминат во спа-третмани, особено во летниот период кога кожата е постојано изложена на сонце и на претерано топлото време. За жал, колку и да звучат примамливо, спа-третманите не секогаш може да си ги дозволиме.

За да не трошите дебели суми пари по козметичките салони, проверете ги овие лесни и целосно природни третмани за разубавување, кои може многу лесно и со едноставни состојки да ги направите во домашни услови.

Третман со цитрус

Како што сите знаеме, самопотемнувањето е екстремно популарно за време на летото, но ако решите да го практикувате направете го правилно.

Задолжително покријте ги деловите од телото кои сакате да ги потемните со фолија, пред да нанесете крем за самопотемнување, со цел да избегнете нерамен тен и дамки по телото. Без разлика дали сакате свиленкасто мека кожа, или, пак, бронзен тен, пробајте ја оваа сол за длабински пилинг на кожата.

Изешајте една чаша морска сол и една четвртина чаша маслиново или кокосово масло. Потоа, додадете половина лажичка сок од лимон и добро промешајте. Смесата задолжително чувајте ја во херметички затворен сад.

Тоник од овес за чистење на сите типови кожа

Овесот и јогуртот имаат смирувачки својства и се одлични за кожата. Пробајте го овој рецепт од овес за чистење наместо вашиот стандарден тоник кога ќе имате изгореници од сонце, или ако сакате да си ја подмладите кожата.

Во мал сад измешајте една лажица овесна каша со една лажица јогурт. По желба може да додадете неколку капки мед или некое есенцијално масло. Измешајте ги сите состојки заедно и откако ќе добиете хомогена смеса, нанесете ја на лицето со кружни движења. По некое време исплакнете ја со млака вода.

Маска од авокадо за сува кожа

Пиењето вода во големи количини во текот на денот е клучно за добро здравје и за хидратација на кожата, но на вашето лице ќе му направите добра услуга доколку ја направите оваа хидратантна маска од авокадо.

Испасирајте половина авокадо и измешајте го со неколку лажици мед. Нанесете ја маската на чисто лице. Оставете ја да дејствува десетина минути. Маската може да ја подобрите со едно јајце, затоа што протеините од јајцето го обновуваат колагенот и помагаат да се задржи младешкиот изглед и еластичноста на кожата.

Маска од јагоди за кожа склонета кон акни

Акните се голем непријател на речиси секоја жена, особено во летото кога кожата продуцира повеќе маснотии од обично. Исто така, не помага ниту фактот што во лето убавината е во свежиот и природен изглед, без шминка. Но, без страв, оваа маска од јагоди е одлична за борбата против акни и за смирување на кожата.

Земете неколку свежи јагоди и измешајте ги со малку јогурт. Нанесете на лицето и исплакнете ги по 10 минути. Јагодите се природен извор на салиципна киселина, а јогуртот е одличен за смирување на иритирана кожа.

Јаболков оцет за сјајна коса

Со пливањето и сончањето во текот на летото, не е изненадување што мртвите клетки од кожата предизвикуваат косата да биде безживотна и досадна.

Доколку не можете да си дозволите скапи шампони или, пак, луксузни третмани за косата, редовно нанесувајте јаболков оцет по стандардното миење со шампон за да го вратите сјајот на косата. [6 Fabulous & Simple Summer DIY Beauty Treatments]

- Реклама -