Вуди Ален: Дома јас сум шефот, жена ми само донесува одлуки

Познатиот режисер, актер и сценарист Вуди Ален на 1 декември наполни 80 години.

Роден е во 1935 година како Алан Стјуарт Конигсберг во Бронкс, Њујорк. Израснал во Бруклин во семејство на златар и сметководителка. Бабите и дедовците му се еврејски имигранти од Русија и Австро-Унгарија.

b96b0675996074d026b87e19f230d72d_L

Вуди Ален е режисер на речиси 50 филма, речиси на сите се појавува и како сценарист, а дури на 40 од нив и како актер. Тој е познат по тоа што се инспирира од конкретни актерки во својата работа и прави ред филмови со нив во главните улоги. Негови музи биле Дајан Китон, Миа Фароу (имал врска со двете) и Скарлет Јохансон. Иако ги избегнува фестивалите, Вуди Ален бил номиниран и освоил 136 награди.

Со своите бројни филмови, раскази и драми Вуди Ален е попопуларен и пообожаван во Европа и во светот, отколку во родната Америка. Разочаран од американската публика и критика, тој снима три филма во Лондон, по што се сели во Шпанија.

Познат по непромеливата и нестандардна смисла за хумор, режисерот е автор на многу теми за животот, сексот и бракот.

По повод неговиот јубилеј, спомнуваме дел од најпознатите и забавни “мудрости” на Вуди Ален:

Не се плашам од смртта, едноставно не сакам да сум таму кога ќе се случи.

80% од успехот во животот се должи на самоувереност.

Ако луѓето имаа повеќе смисла за хумор, би живееле во сосема друг свет.

Интегритетот и чесноста се премногу скапи подароци. Не ги очекувајте од евтини луѓе.

Ако си направам тетоважа, тоа би бил зборот “Мама”.

Кога до моите родители стигна веста дека се ме киднапирале, тие веднаш ја дадоа мојата соба за изнајмување.

Ако можеше Бог да ми даде јасен знак! На пример, голем депозит на мое име во швајцарска банка.

Во Лос Анџелес повеќе не превезуваат павлака. Наместо тоа ја преработуваат во телевизиско шоу.

Жена ми не сака да порасне. Јас купувам када, а таа ми потопува бротчиња.

Понекогаш размислувам за самоубиство, но сум таков губитник што и тоа сигурно би било само привремено решение на проблемите.

Накратко за оралната контрацепција: повикав едно девојче да легне со мене и таа рече “не”.

Дома јас сум шефот, жена ми само донесува одлуки.

Самиот јас сум практично хетеросексуален, но бисексуалноста ги удвојува шансите за познанство во сабота навечер.

Мозокот е мојот втор омилен орган.

Размислувавме што да избереме: да одиме на Бахамите или да се разведеме. На крајот одлучивме дека Бахамите се задоволство само за две недели, додека најдобриот развод останува за цел живот.

Богатството е најпосакувано пред сиромаштијата, но само од финансиски причини.

Ако не се наруши повторно и повторно, тоа е знак дека не правите ништо иновативно.

- Реклама -