Нереди и тепачки избија на македонско – грчката граница меѓу бегалците од Сирија и мигрантите.
Поради одлуката Македонија да ги пушта само Сириските бегалци и да ги враќа назад економските мигранти од Иран, Мароко, Сомалија и Непал, мигрантите им го попречуваат влезот на бегалците.
Хуманитарците велат дека хаосот го прават грчките полицајци кои не ги селектираат бегалците од економските мигранти каков што е договорот и потоа се создаваат немири меѓу нив.
Македонските сили донесоа зајакнување на границата, а дел од оградата веќе е уништен.