Ако најголемите ѕверки од режисери правеа божиќни филмови

Видео од 2 и пол минути создадено од страна на канадската продукциска компанија Fourgrounds Media Inc покажува како би изгледал Божиќ, ако беше во режија на десетмина познати режисери од САД, Русија, Германија, Данска – Стивен Спилберг, Сергеј Ејзенштајн, Вес Андерсон, Вуди Ален, Ларс фон Трир, Мартин Скорсезе, Мајкл Мур, Стенли Кјубрик, Вернер Херцог и Лурман.

bozikj

Се разбира, извадоците не се дело на режисерите, но го користат нивниот стил. Видеото е изработено во духот на теоријата за авторското кино, која се раѓа во Франција во 50-тите години на 20 век и гласи дека филмовите на секој режисер можат да се препознаат по уникатната гледна точка и методологија на снимање и претставување на настаните.

Супер видеото е создадено кон крајот на 2013 година и ја собра заслужено популарноста од фанови, а веќе три години продолжува да ужива голема популарност во мрежата.

- Реклама -