Кога имаш пари имаш власт, а кога имаш власт ја имаш жената

Легендарниот американски актер со сицилиско потекло Ал Пачино (Алфредо Џејмс Пачино) зад себе има блескави улоги како оние во “Кум”, “Лице со лузна”, “Mирисот на жената”…

За последниот, тој  е награден и со “Оскар” за главна машка улога во 1992 година.

maxresdefault

Во продолжение неколку незаборвани цитати од славниот актер.

1. “Секогаш ја кажувам вистината, освен кога лажам.”

2. “За луѓето за кои постојам од време на време, јас немам време.”

3. “Лесно е да се измами окото, но тешко е да се измами срцето.”

4. “Да ти кажам ли од што човекот станува бесчувствителен и циничен? Од тоа што го предале и замениле за други луѓе, а тој бил подготвен да даде премногу.”

1107069-al-pacino_1447859471

5. “Моите слабости? Ако ме прашавте за моите силни страни, ќе ја направев истата пауза. Можеби тие се едно нешто.”

6. “Се надевам дека луѓето ме гледаат како актер. Никогаш не сум сакал да бидам филмска ѕвезда.”

7. “Животот е патување со воз. Прво поминуваш низ долг тунел, без да знаеш каде води тој. Потоа, возот излегува од тунелот на светлина и во далечината гледаш голема планина. Јас веќе ја видов планината. Тоа е едно ужасно чувство кое што ја замрзнува крвта. “

8. “Најтешкото нешто во тоа да бидеш познат е тоа што луѓето се секогаш далечни од вас. Водите разговор и секој се согласува со она што го кажувате – дури и да зборувате глупости. Луѓето треба да се храбри да ви го кажат и она што не сакате да го слушнете. “

Реплики од филмови:

“Кум” (1972)

1107069-al-pacino_1447859471

9. “Не ги мрази своите непријатели, тоа ти ја заматува проценката за нив.”

10. “Нека средбата биде на јавно место – бар или ресторан. Најдете начин да ме снабдите со оружје. Тогаш ќе ги убијам и двајцата.”

11. “Ќе му дадам предлог што нема да може да го одбие.”

“Лице со лузна” (1983)

Scarface - Al Pacino

12. “Единственото што го имам на овој свет, се мојата храброст и мојот збор и за ништо на светот не ги нарушувам, разбираш ли?”

13. “Потребни ви се луѓе како мене за да можете да соочите и да речете” Овој е од лошите “.

14. “Во оваа земја, прво треба да направиш пари. Кога имаш пари, имаш власт. А кога имаш власт ја имаш жената.”

- Реклама -