„Мајсторот и маргарита“ во Скопје

Во Македонскиот народен театар во рамките на новата репертоарска програма привршуваат подготовките на мега спектаклот „Мајсторот и Маргарита“ од рускиот автор Михаил Булгаков, во режија на Иван Поповски. Премиерата е закажана за 1-ви и 2-ри декември…

По успесите со претставата „Идиот“ во Загреб и „Мртви души“ во Марибор, Иван Поповски по долги години работа во руските театри, ќе режира во Македонија. Претставата „Мајсторот и Маргарира“ според истоимениот роман на Михаил Булгаков, е голем и амбициозен проект. На македонската публика ќе и понуди нешто ново, еден поинаков пристап од оној кој досега сме го виделе во театрите низ земјава- најавуваат од МНТ. Оваа претстава ќе одбележи една нова фаза во Македонскиот народен театар.

- Реклама -