Концерт за време на војна

По нападите во парискиот театар “Батаклан”, музичката индустрија размислува сериозно како да ги направи концертите посигурни.

Како концертите да станат посигурни без тоа да се одрази на цената на билетите?
Како концертите да станат посигурни без тоа да се одрази на цената на билетите?

Да го слушаш омилениот бенд во живо е неверојатно искуство – без разлика дали е на стадион, ливада надвор од градот или во пријатен бар, но во моментов, а веројатно и во иднина доста луѓе ќе се чувствуваат загрижени за својата безбедност за време на масовни настани.

Калифорниската група Eagles of Death Metal имаше несреќа да се убеди во тоа. И додека фудбалските асоцијации одамна применуваат строга контрола поради честите тепачки меѓу фановите, а во последните години и поради опасноста од напади, музичката индустрија заостана.

Често пати обезбедувањето на салите се спроведува од организаторите на настанот, кои проценуваат колку чувари можат да вработат. Така раководството на самите објекти често останува во заден план.

Металните детектори и чувари ја вршат работата против внесување на забранети предмети, остро оружје, петарди и друго, но не и против вооружени напаѓачи со автоматски пушки.

По координираните напади во француската престолнина, кои одзедоа над 130 човечки животи, неколку големи имиња на музичката сцена веднаш реагираа. U2, Foo Fighters, Coldplay, Prince и Motorhead ги откажаа концертите минатиот викенд, а Marylin Manson – во понеделникот.

Мадона во стилот на Балашевиќ во Скопје, одржа концерт во Стокхолм еден ден по нападот, држејќи долг говор, со кој ги повика луѓето да не молчат и да не се плашат од терористите.

“Се прашувам зошто сум тука додека луѓето страдаат за жртвите во Париз и жалат за своите блиски луѓе што загинаа во нападите. Токму тоа тие сакаат да го направат – сакаат да не натераат да молчиме. Јас нема да им дозволам. Постои повеќе добро во овој свет отколку зло” , рече Кралицата на поп музиката, пред толпата во шведската престолнина.

„Работиме многу, заслужуваме да се забавуваме и никој на светот нема право да не запира да го правиме она што го сакаме“, рече Мадона пред публиката во Стокхолм
„Работиме многу, заслужуваме да се забавуваме и никој на светот нема право да не запира да го правиме она што го сакаме“, рече Мадона пред публиката во Стокхолм

Американската полиција испрати засилувања за концертите на Џастин Бибер и Снуп Дог во Лос Анџелес. Британската полиција го засили обезбедувањето околу ноќните барови, стадионите и спортските сали, а исто така и O2 Arena во Лондон, каде ќе се одржи Финалниот мастерс тениски турнир.

Фронтменот на U2 Боно ја опиша крвавата бања во “Батаклан” како “прв директен удар врз музиката”. Рок групата е на турнеја во Европа, а концертот во Париз требаше да се пренесува во живо на HBO. “Концертот беше откажан од француската полиција и искрено, разбирам зошто. Од нив зависи кога може да се вратиме во Париз”, додаде тој.

„Ова е прв директен удар врз музиката“
„Ова е прв директен удар врз музиката“

Live Nation и AEG Live, кои се меѓу најголемите промотори во бизнисот, ги објавија своите мислења по нападите во Париз.

“Безбедноста на нашите концерти, фанови и локации е нашиот најголем приоритет”, коментираа Live Nation, зборувајќи и за затегнување на мерките за безбедност на концертите кои се организираат на глобално ниво, но без да навлегуваат во детали. AEG Live истакнаа дека ќе ја продлабочат соработката со полициските власти.

Други во индустријата сепак се скептични дека воопшто има смисла да се инвестира во чувари, бидејќи тоа ќе им ја зголеми цената на билетите.

“Ужасот во театарот” Батаклан “е аномалија која нема како да го промени бизнисот, нема што да направите против мажи со автомати, без разлика дали снимате во ресторан, кино или концертна сала”, коментира втор извор, кој побарал анонимност.

Пол Вертахајмер од Crowd Management Strategies ги критикува со години организаторите на големи музички настани токму поради недостатокот на соодветна заштита.

“Каде беше полицијата ноќта на 13 ноември? Ова не е скриен бар во двор, туку една од главните париски локации за поп-рок концерти “, праша тој.

Големите спортски сали во САД, на пример, имаат скапи безбедносни системи, слични на оние на аеродромите, но тие се неприменливи за локации со размер од 1.500 луѓе, каков што е капацитетот на “Батаклан”, или помалку.

“Да, може да изнајмите повеќе чувари, полицајци, обучени кучиња, детектори за метал. Но не сум сигурен дека промоторите, особено оние на средни нивоа, имаат доволно пари за да инвестираат во толку големи мерки за безбедност “, коментира Џон Шчер, ветеран во забавниот бизнис во Њујорк.

По сè изгледа дека забавната нема да пронајде лесно решение.

- Реклама -