Два лета на “Ер Франс” пренасочени поради закана за бомба

Два лета на “Ер Франс” од САД за Париз биле пренасочени поради анонимна закана.

Двата авиони вчера биле пренасочени од правците од безбедносни причини, откако телефонски повик ги предупредил за бомба во авионот. Нема официјална потврда за оваа информација.

Авионот Airbus 380 полетал од Лос Анџелес и слетал во Солт Лејк Сити, каде што патниците и екипажот биле симнати и префрлени на терминалот.

Друг лет од меѓународниот аеродром Далес крај Вашингтон, бил пренасочен кон меѓународниот аеродром Халифакс во канадската провинција Нова Шкотска. Причината пак била неодредена закана за безбедноста. Во авионот “Боинг 777” имало 298 патници и членови на екипажот.

Мерките за безбедност кај летовите беа засилени, откако на 13 ноември во Париз при серија терористички напади загинаа 132 лица, а над 350 беа повредени.

- Реклама -